Кими Раиконен смета дека неговото време поминато во Рели трките му помогнало да се подобри како возач при неговиот камбек во Формула 1 во 2012 година.Финецот во 2010 и 2011 година се фокусираше на рели и други тркачки категории, одмарајќи се од Ф1, а потоа се врати во Лотус на две години, пред да мине кај “црвените“ во Маранело.

Се разбира дека пред враќањето имав сомнежи затоа што немав возено две години во формула 1, но горе-долу знаев како ќе биде. Секоја година има по некоја промена на правилата, но бев сигурен дека не сум заборавил да возам.

Кога го возев првиот Лотус кој тогаш беше стар две години со пневматици за демонстрација во Валенсија, веднаш се почувствував супер. Се појавија некои ситни проблеми, но тоа беше сосема нормално за први кругови и тоа беше одлично место да се почне камбек. Немам многу кругови во кариерата во Валенсија, тоа е куса патека и не многу брза, но само по 10тина кругови се почувствуав нормално, природно и самоуверено.

Потоа се појави неизвесноста каков ќе бида нашиот болид во споредба со останатите, но за мене лично немаше проблеми. Секогаш се грижите како ќе поминете, но јас никогаш не би потпишал договор доколку не бев сигурен во тоа што треба да го правам – изјави Раиконен.

Финецот смета дека концентрацијата која ја бара возењето рели возила многу му помогнала во Формула 1.

Огромна корист беше тоа што возев цело време, немав буквална пауза од тркањето. Опасност секако дека постои, но повреди може да здобиете секаде и сметам дека тоа не учи многу за точноста, прецизноста, концентрацијата. Релито е мешавина од слушање и возење и мора да имате идеален баланс во тоа.

На патеката може да сте брзи колку другите затоа што ја познавате, но друго е кога се вози по белешки од совозачот, мора да имате верба и тоа ве учи многу. Тој спорт е навистина тежок и поради тоа не правев нипто паралено со рели трките две години.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.