Франц Тост, шефот на Торо Росо, очекува Ред Бул да го именува колегата на Даниил Квјат за следната година до Декември. Русинот Квјат е избран за нследник на Пјер Гасли кој од јуниорскиот Торо Росо ќе мине во сениорскиот Ред Бул за следната година, како колега на Макс Верстапен.

Од друга страна, Брендон Хартли минатиот викенд во Остин го имаше својот најдобар пласман на 9то место кој следуваше по две дисквалификации на возачи пред него, а сезонава од поени има уште две десети места. Ред Бул ги разгледува своите опции за Торо Росо, а најсериозен кандидат за второто место е Формула 2 возачот Александер Албон, кој во моментов е под договор со Формула Е тимот на Нисан.

Мора сезоната најпрво да заврши за да добиеме чиста слика, во Декември Ред Бул ќе решат околу возачкиот тандем за Торо Росо.

Брендон Хартли одработи добра трка во Остин, но ако се видат резултатите, тој има само 4 поени споредено со 28те на Пјер Гасли оваа година. Тоа значи дека мора да ги подобри перформансите ако сака да остане – најави Тост.

Доктор Хелмут Марко, Советникот на Ред Бул Моторспорт изјави дека Хартли е свесен дека треба да го победува Гасли до крајот на сезоната за да си го задржи своето место, а од Нисан е.Дамс Формула Е тимот изразија незадоволство од тоа што Ред Бул сака да им го превземе Албон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.