Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер сака своите возачи да не се опседнати со тоа кој ќе стартува прв туку да имаат синхронизиран старт и со тоа да ги задржат другите болиди зад нив на влезот во првиот свиок на трката во Мексико.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Иако Ред Бул беа најбрзи целиот викенд и обезбедија за прв пат прв стартен ред во оваа турбо хибридна ера, недостатокот на сила на моторот ги остава ранливи на правците на оваа патека. Стартниот правец на Ерманос Родригез е долг 900 метри, најмногу од сите патеки на Формула 1 календарот.

Поради тоа, Кристијам Хорнер смета дека има смисла возачите да работат заедно да ги задржат Луис Хамилтон и Себастијан Фетел зад нив на стартот.

Синхронизиран старт и влез во првиот свиок и да се вози што е можно пошироко за да се задржат Ферари и Мерцедес зад нас. Видовме во Јапонија кога Себастијан беше зад Макс, во Остин со Себастијан беше зад Даниел, но Ферари се многу силни на правците. Истото е и со Луис. Тие се фокусирани на тие двајца возачи.

Ќе ги дискутираме овие работи пред почетокот на трката. Тие се слободни да се тркааат, но мора да имаат чиста трка. Трка не се победува со првиот свиок и мора да се внимава на овие гуми. Тие се трошат многу брзо и мора да имаме стратегија со која ќе останеме пред Ферари и Мерцедес – објасни шефот на Ред Бул.

Хорнер е јасен дека сака неговите возачи да не ја отфрлат оваа златна шанса и да не бидат егоистични.

Двајцата сакаат победа и тоа е опасно. Но тие се дел од тим и мора тоа да го земат во предвид.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.