Главниот дизајнер на Ред Бул, Адриан Њуи, откри дека претстојниот болид на Ред Бул ќе го користи иновативниот и контроверзен систем на задни тркала кои Мерцедес го тестираше на својот болид кон крајот на минатата сезона.

Тркалата предизвикаа голема дебата околу нивната легалност, ФИА даде зелено светло за нивно користење, но се чини дека контроверзијата не е завршена.

“Сребрените стрели“ имаа проблем со абењето на задните пневматици, а по летната пауза тоа го решија со иновативниот дизајн. За да го подобрат ладењето во тркалата избушија многу дупки, а со тоа го зголемија протокот на воздух за подобра контрола на температурата.

Според италијанската верзија на motorsport, Ред Бул ќе го копираат дизајнот, нивниот модел минал преку тестот на техничкиот комитет на ФИА, тело кое сметало дека таквите тркала имале минимален ефект врз аеродинамиката.

На последните три трки од сезоната, откако титулите веќе беа обезбедени, Мерцедес решија да не ги користат контроверзните тркала, но Тото Волф веќе потврди дека од почетокот на 2019 година тие се враќаат на наследникот на В09.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.