Ред Бул, Хаас и Вилијамс комплетираа тест за Пирели

131
   

Три Формула 1 екипи комплетираа тест за Пирели на патеката Силверстон по Британското Гранд При како дел од тековната програма за развој на снабдувачот.

Ред Бул, Хаас и Вилијамс останаа во Силверстон по Британското Гранд При за да го извршат тестот, користејќи прототип пневматици на Пирели за 2019 година, во текот на два дена.

Добри временски услови преовладуваа во текот на двата дена, со пониски температури од тие за време на трката. Себастијан Буеми и Макс Верстапен возеа за Ред Бул, додека Вилијамс го задолжија Роберт Кубица, а пак Хаас ги користеше услугите на Роман Гросжан.

Четворицата извозеа вкупно 509 кругови во текот на двата дена. Како што е вообичаено, податоците од тестот потоа се пренесуваат до сите екипи, а од друга страна на екипите не им е дозволено да користат развојни елементи.

Следниот тест за Пирели ќе биде на патеката Пол Рикар во почетокот на Септември. Мекларен ќе биде единствената екипа на тој тест, а цел ќе биде да се тестираат пневматиците за влажна подлога.


Ред Бул, Хаас и Вилијамс комплетираа тест за Пирели

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>