FuturoCoin е нов спонзор на Ред Бул пред почетокот на новата сезона, што го означува првиот спонзорски договор со крипто валута за еден Формула 1 тим.

Скорешниот раст на крипто валутата придонесе повеќе Формула Е тимови и возачи да се поврзат со тие компании, но објавата на Ред Бул го означува првиот ваков договор на Формула 1 тим во таа индустрија.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ред Бул го објави повеќегодишниот договор со FuturoCoin во вторникот, а брендот ќе се појави на РБ15, тимскиот транспортер и тркачките комбилизони на возачите.

Во последниве години, растот на blockchain технологијата и крипто валутите е навистина неверојатен, а ние сме возбудени што ќе бидеме првиот Формула 1 тим кој привлече ваков спонзор преку нашето партнерство со FuturoCoin.

Безбедни дигитални валути се на водечко ниво на технолошкиот развој и многу сме возбудени што ќе бидеме дел од оваа револуција – изјави Кристијан Хорнер.

Роман Зиемијан, ко-основачот на FuturoCoin, го додаде следното:

Крипто валутите и Формула 1 се многу слични, а и нивните вредности: брзината, технологијата. Јас сум огромен фан на моторспортот, а Формула 1 секогаш ме интересирала.

Спонзорството е ново возбудливо поглавје за нашата компанија и ќе биде глобална платформа за да привлечеме внимание кон FuturoCoin.

Возачот на Хаас Ф1, Роман Гросжан, од скоро објави лично спонзорство со SoccerCoin, а нивното лого се појави на неговата нова кацига за 2019 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.