Ред Бул биле убедени дека Даниел Рикардо имал шанса за победа на Големата награда на Абу Даби.

Австралијанецот стартуваше од 5то место на Јас Марина во својата последна трка за “биковите“, имаше долга прва серија и застана по нови гуми во 34от круг, враќајки се со одличен ритам споредено со конкурентите.

Кристијан Хорнер смета дека тимот му дал најдобри можни гуми на Даниел за втората своја серија и сметале дека на тој начин ќе ја повтори сензационалната победа од Кина.

кога се врати на патеката и возеше кругови за две секунди побрзи од лидерот на трката, помисливме дека може за се повтори кина. имаше 26 кругови понови гуми од луис и 16 кругови понови гуми од макс и на тој начин сакавме да му дадеме предност до краот на трката.

но, за жал, по првичниот одличен ритам, штом се доближи до група болиди пред себе, неговата брзина спласна – анализира кристијан.

Вториот дел од сезоната на Дани мина во сенка на многуте откажувања поради проблеми со издржливоста што го спречи да стигне до подиум од победата во Монако во Мај. Хорнер откри дека сите во тимот сакале Дани за последен пат да пие од својата патика на подиумот, но морал да се задоволи со 4то место и 3 секунди зад Макс.

сите се надевавме дека дан уште еднаш ќе дојде до подиум. секако дека сакавме уште едно пиење од патика на подиум за последен пат, но не било пишано.

по менувањего на гуми мислев дека подиум е можне, но некако загуби ритам последните 10 кругови од трката.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.