Ред Бул се сомнева во ДРС-от на Ферари

819

Од тимот на Ред Бул изразија сомнеж во врска со ДРС системот за намалување на драг силата кој болидите го користат во одредени ситуација 2-3 пати во текот на кругот.

“Биковите“ сметаат дека крилцата на Скудерија се отвараат повеќе од дозволените 6.5 сантиметри.

Ова е четврта забелешка за СФ71Х оваа сезона. Проблем беа крилцата над ретровизорите кои италијанците први ги поставија на хало системот, проблем беше согорувањето на масло во моторот поради што се тврдеше дека моторот многу чади при стартувањето, а последната забелешка беше на батеријата од Системот за повраток на енергијата која конкурентите сметаа дека испорачува повеќе од дозволените 120 киловати.

Дефинитивно ќе има повторно инспекција во Ферари во Монтреал.


Ред Бул се сомнева во ДРС-от на Ферари

13 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>