Ред Бул очекуваат трет стартен ред

107
   

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, признава дека неговите возачи веројатно ќе стартуваат од третиот стартен ред на неделната трка откако не може да се носат со моќта и брзината на Мерцедес и Ферари на правците. “Биковите“ секогаш се потпирале на одличниот тркачки ритам како главно оружје, но им недостасува квалификациска брзина за вистински да влезат во борба за титула.

Сабота секогаш е тешка за нас. Патеката е таква што голем дел се вози под полна гас, а тоа на нас не ни одговара. Копс е буквално со “гас до даска“, кривината број еден исто така, а со ДРС кој може многу често да се вклучува, квалификациите ќе бидат многу интересни – смета Хорнер.

Силната страна на РБ болидот се патеките кои бараат многу потисна сила како бавното Монако, но Силверстон и останатите “летечки“ автодроми се места каде Ред Бул заостанува и се мачи.

Големи делови каде се вози под полна гас воопшто не ни годат особено со вакви кривини кога моќните мотори можат многу полесно да го извадат болидот од некој свиок. Веројатно ќе стартуваме подоле, веројатно од третиот ред, но трката е местото каде сме секогаш најдобри, а веруваме дека тоа ќе биде случај и овој пат – смета Кристијан.


Ред Бул очекуваат трет стартен ред

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>