Ред Бул се охрабрени од напредокот со болито и перформансите кои го имаа во вториот дел од сезоната.

Макс Верстапен и Даниел Рикардо стигнаа до 4 победи годинава, а австралијанецот стигна и до првата пол позиција за екипата во В6 турбо хибридната ера. Иако Ред Бул болидот имаше чести механички проблеми сезонава, во вториот дел од првенството беше направен очигледен напредок во перформансите, така што на моменти РБ болидот имаше и најдобри перформанси на патеката, подобри дури и од ривалите на Мерцедес и Ферари.

мислам дека имавме одличен напредок и силен развој на болидот. се се случи по летната пауза, во спа бевме на подиум, а требаше да бидеме во топ 3 и во монца и сингапур каде бевме брзи. одлични бевме и во русија, а резултатите покажаа дека ме брзи и во јапонија, мексико и америка.

имавме силна серија на подиуми и мислам дека многу напредувавме со болидот во вториот дел од сезоната иако сметам дека болидот беше силен и на почетокот од првенството.

по малку се загубивме околу канадското гранд при во монтреал, периодот кога беа донесени подобрувањата на моторот и дополнително заостанавме зад мерцедес и ферари, но по летната пауза си ја вратимвме позицијата – објасни кристијан , шефот на тимот.

Британецот исто така смета и дека сезоната можела да биде многу поразлична доколку тие имале дополнителни 40-тина киловати од Рено и смета дека комуникацијата со Хонда ќе биде клучна во соработката годината која следи.

комуникацијата во било која соработка, особено во спортот, е клучен елемент. очигледно е дека хонда имаат база во јапонија, но нивното седиште во европа е во британија и е многу блиску до нас во милтон кинс. јасно е дека во моментов се прави огромна комуникација помеѓу двете страни и сетоа тоа е мноу позитивно.

најдовме здрава работна околина, го проучивме односот на торо росо и хонда и не одиме во 2019 година со целосна новина – заврши хорнер.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.