Ред Бул не се откажуваат од трките до крајот на сезоната

106

Иако Ред Бул се подготвуваат за ново поглавје во својата историја, Кристијан Хорнер е дециден кога вели дека не ја отпишуваат оваа сезона затоа што имаат уште што да научат до крајот. Освен нов мотор, следната година од екипата заминува Даниел Рикардо, а на негово место ќе дојде Пјер Гасли.

Не чекаме со нетрпение да заврши сезоната затоа што знаеме дека можеме многу да научиме до крајот. Доаѓаат патеки како Сингапур на кои сме оптимисти исто како и за Мексико. Јапонија може да биде интересна за нас, ако врне може да сме конкурентни и во Бразил така што многу работи се во игра.

Тешките трки како Спа и Монца поминаа, во Белгија стигнавме до подиум, а можевме исто и на Монца така што не велам дека сме лоши – смета Хорнер.

Во пресрет на Сингапур, шефот на тимот очекува добар резултат и смета дека карактеристиките на патеката не се како оние во Монако.

Се надевам дека ќе бидеме конкурентни во Сингапур, таа патека не е како Монако, има подолги првци и многу други разлики, така што не очекувам повторно да бидеме цела секунда зад пол позиција како на Монца на пример.

Знаеме дека на трката можеме да имаме исто темпо како лидерите, а Сингапур може да се извози со едно застанување така што за нас постои можност – смета Хорнер.


Booking.com

Ред Бул не се откажуваат од трките до крајот на сезоната

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>