Иако се предвидува дека со новото предно крило ќе се зголемат престасувањата, Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, е сигурен дека тоа нема да се случи, но ќе има дополнителни трошоци.

Во обид да стане поконкурентен спортот, Формула 1 промовира нови аеродинамички правила за наредната година со пошироко и поедноставно предно крило. Некои тимови веќе имаа симулации и тие не ги исполнуваат очекувањата.

Формула 1 тимовите ги достигнаа потисните сили од 2018 година во симулациите за 2019 година и покрај новото предно крило. Ова го чини Ред Бул 15 миилони евра, а нема никаков ефект на престасувањето.

На нашите симулации ништо не се менува. Престасувањето е исто тешко. Целата игра само не чини пари  – пишува Ауто мото унд спорт, пренесувајќи изјава на марко.

Марко верува дека со новите крила ќе има само колатерална штета во блиското тркање и затоа сакаат да се вратат на сегашниот дизајн за 2021. Во Фаенца, Франц Тост, првиот човек на Торо Росо се согласи со Марко.

Разговарав со луѓето од воздушниот тунел и не верувам дека ќе се подобри престасувањето. На почетокот на сезоната ќе видиме до каде сме.

Претхондо Кристијан Хорнер предупреди дека со измена на правилата ќе се зголемат трошоците за развој.

Зборуваме за одговорно трошење и правиме нов концепт кој не чини многу милиони фунти. Фрустрирачки е за вакви одлуки да се зборува без докази и само со теории, а трошокот да го сносат тимовите. Кој гарантира дека болидите ќе бидат поблиску наредната година?


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.