Ред Бул сметаат дека на младиот французин, Пјер , му е потребна поголема дисциплина за наредната година кога ќе стане дел од тимот од Милтон Кинс.

22-годишниот возач ја доби довербата на Ред Бул откако за малку не стана првак во Супер Формула, откако претходно ја освои ГП2 титулата. Др.Хелмут Марко смета дека на Гасли му е потребна поголема дисциплина бидејќи тоа е најважно во врвна тркачка серија како Формула 1.

Во фудбал доколку не сте добри ќе седите на клупа. Гасли покажа брзина и сега му е потребно повеќе дисциплина, Но и поддршката од тимот е доста важна. Сигурни сме дека може да биде успешен – смета марко.

Во сениорскиот тим тој доаѓа со значително повеќе искуство од неговите претходници. Тој има 26 трки зад себе за Торо Росо, една повеќе од Фетел, 3 повеќе од Верстапен и 7 повеќе од Даниил Квјат. Еднаш заврши на 4та позиција што е најдобар резултат за Хонда во последните 4 сезони. Французинот е свесен што го чека наредната сезона а својата прва сезона и дава оцена 8,5 од 10.

Во мојата прва сезона имав цел да извадам најмногу од пакетот што го имав. Знаев дека имаме неколку шанси за поени. Сите шанси во Бахреин, Монако и Будимшета успеав да ги искористам.

Во Бахреин имав добри квалификации. Во Монако влегов во К3 и имав добра стартна позиција. На мокрите квалификации во Будимпешта дојдов до К3. Тоа беа трки на кои имав подобри перформанси од другите и успеав да дојдам до резултати – смета гасли.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.