Ред Бул му забрани на Верстапен да проба МотоГП

198
   

Макс Верстапен има само 21 година, а веќе со успех се трка во Формула 1. Земајќи ја предвид неговата способност, можеби во иднина ќе го гледаме во некоја друга тркачка серија, а зошто да не и трки со мотори. Холанѓанецот неодамна купи и Harley Davidson мотор за себе.

Ги прашав во тимот дали може да пробам и да тестирам МотоГП мотор. Би сакал да пробам еден на некоја патека како на пример Ред Бул Ринг. Ред Бул е спонзор на МотоГП екипите на Хонда и КТМ.

Но, нема шанса, не ми дозволуваат. Веднаш ми рекоа дека не може, не е дозволено затоа што сметаат дека тоа е премногу ризично, тоа е тоа – откри Макс за холански De Telegraaf.

Младиот возач е радознал и сака да проба многу работи, но сепак главна цел му е Формула 1 каде се очекуваат многу убави работи од новото партнерство на Ред Бул со Хонда.

Се надеваме дека за две години ќе имаме страшен пакет, тогаш ќе имам 23 години и ќе имам уште 6-7 години да освојувам титули. Се надевам дека ќе освојам 4, тоа ќе биде одлично – го откри планот Макс.

Таткото на Макс, Јос, смета дека неговиот син ќе го оствари својот сон следната деценија.

Тој учи на секоја трка и мислам дека годинава навистина многу напредна. Тој знае точно што се случува во екипата, не беше во фабриката на Хонда годинава, но беше лани.

Ред Бул треба пристојно да ја завршат сезонава, колку што може попрофесионални, а потоа да имаат свеж почеток догодина – смета Јос.


Ред Бул му забрани на Верстапен да проба МотоГП

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>