Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер откри дека екипата работи заедно со Рено да ги реши проблемтие со мапирањето на моторот кои ги имаа двајцата возачи на квалификациите. Макс Верстапен се жалеше на испораката на моќ од моторот уште во Петок, тоа се повтори и на Т3 во Сабота наутро, а по квалификациите холанѓанецот откри дека да не биле проблемите сигурно ќе бил поблиску до Хамилтон.

Верстапен имаше фантастичен круг, неверојатен. Да се вози покрај проблемите кои ги имаше е навистина импресивно, но и штета за него. Мислам дека без проблемите ќе имаше шанса да се обиде да освои пол позиција, но и покрај тоа, да се почне од првиот ред е како пол позиција за нас.

Во пресрет на квалификациската сесија, инженерите предвидуваа дека ќе завршиме на 5то и 6то место така што со оглед на тоа, сме завршиле фантастична работа на квалификациската сесија – смета шефот на тимот.

Тој појасни дека Макс морал да го прилагоди својот стил на возење согласно пролемот со кој се соочувале, а кој го почувствувал и другиот возач, Даниел Рикардо.

За жал, со постоечкиот мапинг на моторот ја немаше соодветната испорака на силата која ја бара согласно притискањето на педалот што е многу тешко. Поради тоа мораше повеќе и порано да менува во погорен или подолен степен на пренос.

Даниел ги имаше истите проблеми, но по се изгледа дека тие повеќе влијаеа на Макс, или пак тој повеќе се жалеше.

Овој пат Хорнер внимаваше да не ги обвини директно Рено нити пак нивната последна Ц спецификација која ја има само Ред Бул и која се наоѓа рано во развојната газа.

Веројатно се работи за некаква грешка во бројките, пресметките што може да се промени во текот на ноќта. Би требало да се направат дополнителни тестови на динамометарот во Вири е проблемот да се среди.

Момците од Рено работат без престан, ова е новата Ц спецификација и сеуште не е доволно тестирана. Испорачува моќ за нас што значи дека сме направиле вистински избор што сме одбрале да го користиме моторот.

И покрај проблемите, добиваме повеќе моќ од моторот, треба само да го средиме во пресрет на трката и се надевам дека штом излеземе од гаражата утре проблемите ќе бидат зад нас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.