Ред Бул и Алонсо одбраа да не го користат новото МГУ-К

243
   

Даниел Рикардо и Макс Верстапен одбраа да не ја користат последната и нова спецификација на кинетичкиот МГУ-К дел од Системот за повраток на енергијата за време на Големата награда на Австрија. Опцијата ја одби и Фернандо Алонсо, додека Стофел Вандорн доби дел од последната спецификација на својот агрегат.

Сирил Абитебул неделава откри дека делот кој одамна се најавува е целосно готов и дека фабричките возачи ќе го имаат во своите мотори на претстојната трка. Макс Верстапен веќе го користи својот трети кинетички дел и промена кај него би значело казна на стартот од трката.

Нико Хулкенберг пред почетокот на викендот откри дека не очекува чуда од новиот дел туку само дел од сложувалката.

Саинз, Хулкенберг, Алонсо и Вандорн овој викенд добија нова батерија за складирање на енергијата, дополнително Карлос има нов турбо полнач, а Нандо контролна електроника. Сите промени се во рамки на дозволениот лимит и нема да има никаква казна.


Ред Бул и Алонсо одбраа да не го користат новото МГУ-К

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>