Ред Бул импресионирани од Маркез

321

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, беше толку импресиониран од МотоГП возачот Марк Маркез и неговиот прв обид во Формула 1 болид што смета дека има потенцијал во иднина да се трка и во кремот на моторспортот. Шпанецот тестираше со РБ8 болид од 2012 година и одлично се вклопи во околината.

Сесијата се одржа на австриската Ред Бул Ринг, сопственост на екипата, а најбрзото време на Марк беше само 10 секунди побавно од ланската пол позиција, иако треба да се земе во предвид и фактот што се работеше за 6 години стар болид.

Марк почна со 1 минута и 21 секунда и дојде до 1 минута и 14 секунди. Тој е исклучително добар во МотоГП, а и во Формула 1 изгледа одлично се снаоѓа, така што задоволен сум што толку брзо се вклопи. Првично беше планирана побавна програма за него, но јас променив и знаев дек тој може многу брзо да се адаптира, што и го докажа – импресиониран беше Марко.

Поранешниот возач на екипата, Марк Вебер, му помагаше и го советуваше Маркез и тој остана импресиониран од перформансите на моторциклистот.

Беше тивок и срамежлив додека појадувавме, но штом влезе во кокпитот беше целосно фокусиран и извади топ перформанси на патеката.

Формула 1 и МотоГП се целосно различни работи, но тој многу ми ја олесни мојата работа како инструктор. Секогаш ги прашуваше вистинските прашања и се подобруваше со секој поминат круг. Мислам дека имаше напредок да биде во средината на денешниот Формула 1 грид, а такви перформанси за толку кратко време се доказ за неговиот огромен талент – објасни Вебер.

Марко гледа чиста можност возачот да се префрли од 2 на 4 тркала и појасни дека Ред Бул дури може и да му даде место во 2021 година.

Во следните неколку години ќе сруши многу МотоГП рекорди, а можеби потоа Формула 1 ќе биде добра можност за него.

Досега само исклучителни таленти како на пример Џон Суртес успеале да се тркаат во две толку различни серии, а сметам дека и Марк го има тој талент. Дефинитивно денеска не беше неговото последно појавување во болид.


Booking.com

Ред Бул импресионирани од Маркез

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>