Доктор Хелмут Марко, советникот во Ред Бул, призна дека тимот знаел за проблемот со хидрауликата во болидот на Даниел Рикардо за време на Мексиканското Гранд При од 10от круг. Австралијанецот мораше да се откаже и да го паркира својот РБ14 на патеката на 10-тина кругови пред крајот на трката.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тоа беше осмо годинешно откажување на Дани од трка поради дефект со болидот, шест од тие осум откажувања беа поради дефект од механичка природа, по што тој изјави дека не сака повеќе да го вози проколнатиот болид и дека Пјер Гасли може слободно да продолжи наместо него.

Во своето интервју за германски Auto Motor und Sport, Марко откри дека проблемот со хидрауликата бил детектиран рано во трката.

Искрено го увидовме проблемот уште во 10от круг и одтогаш знаевме дека нешто не е како што треба и дека нешто може да се случи. На крајот, едно црево еднсотавно попушти и се скина, а тоа се гледаше во податоците кои ги добивмавме од болидот – објасни Марко.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.