Ред Бул до Австрија ќе реши за моторот

79

Ред Бул самите си дадоа рок до крајот на овој месец да одлучат дали ќе продолжат да земаат мотори на Рено од француски Вири или пак следната година ќе почнат да користат јапонски мотори на Хонда од Сакура.

“Биковите“ на следните трки темелно ќе го надгледуваат напредокот на двете компании кои доставуаат мотори во спортот, дотолку повеќе што и Рено и Хонда најавија нови спецификации за претстојната трка во Монтреал.

Трката во Франција е на програмата на 24 Јуни и ќе биде почетокот на првите три последователни трки во историјата на спортот. По Франција следува Австрија каде екипата официјално очекува да реши со какви мотори ќе се трка во 2019 година.

Преговараме. Нашиот внатрешен распоред вели дека треба да донесеме решение до Големата награда на Австрија, а ако е возможно до тогаш да го решиме и прашањето околу празното возачко место. Сигурен сум дека до тогаш ќе донесеме решение затоа што немаме многу опции на избор – појасни Хелмут Марко.

Викеот на Ред Бул Рин почнува на 29 Јуни.


Ред Бул до Австрија ќе реши за моторот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>