Ред Бул доби ново гориво

244

Ред Бул Рејсинг ќе добијат ново гориво од нивниот партнер Ексон за време на Унгарското Гранд При во обид да се стигне до Ферари и Мерцедес. Тимот веќе ги завршил задолжителните тестови на новото гориво на диманометарот на Рено ви Вири, нешто што мора да го направи затоа што фабричката екипа заедно со Мекларен користат БП Кастрол гориво со кое моторот секогаш се испробува. Поради тоа новините во однос на горивото секогаш пристигнуваат подоцна во Милтон Кинс.

Мислам дека ова е прво ново гориво оваа сезона. Момците во Ексон работеа напорно да го развијат производот затоа што е јасно дека горивото е значаен елемент во модерната Формула 1.

Неизбежно е во Вири секогаш да се првенствено насочени кон нивниот добавувач на гориво, а ние сме среќни што работиме со партнер со способности како Ексон. Секако дека да се биде муштериска екипа е многу поразлично одошто да се биде фабричка.

Имаме можност да го возиме новото гориво викендов и се надеваме дека истото ќе ни донесе дополнителни перформанси. Од она што го видовме на динамометарот, охрабрени сме – изјави Кристијан Хорнер за motorsport.


Ред Бул доби ново гориво

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>