Ред Бул демонстрираше во Виетнам

152

Формула 1 замина од Азискиот континент, но дел од Ред Бул остана во Југоисточна Азија за демонстрација на Формула 1 машинерија во главниот град на Виетнам, Хо Ши Мин Сити.

Берни Еклстон уште одамна призна дека одбил понуда од Виетнам за трка во 2016 година, но по превземањето на спортот од страна на Либерти Медиа, државата е овторно “во игра“ за организација на Формула 1 тркачки викенд.

Дејвид Култхард имаше чест да демонстрира со РБ7 болидот на тимот низ посебно подготвен правец од 650 метри во центарот на Хо Ши Мин. Шкотот имаше три серии, една во текот на денот, една попладне, а една под рефлектори. Со оглед на тоа што дента врнеше, го немаше препознатливото чадење од гумите, но се мина одлично.


Ред Бул демонстрираше во Виетнам

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>