Првиот човек на Ред Бул, Кристијан , верува дека тимто дал се од себе, се што можел, за да го убеди Даниел Рикардо да не минува во фабричката екипа на Рено следната година и да остане во Милтон Кинс.

По преговори кои траеле повеќе од еден месец, се очекуваше австралијанецот да потпише нов договор со Ред Бул по Голамта награда на Унгаријан а крајот на Јули. Но, наместо тоа тој одбра да промени средина и да потпише за фабричкиот тим на Рено, нешто што ги “фати“ Кристијан Хорнер и доктор Хелмут Марко целосно неподготвени и неинформирани за оваа негова одлука.

размисливме и сметаме дека направивме се што е можно за да го задржиме кај нас. всушност тој ни ја кажа класичната реченица за раскинување “не е до вас, до мене е“. мислам дека на крајот сакаше да се соочи со нов предизвик.

веројатно беше загрижен и за својата вредност крај макс верстапен кој е се посилен и веројатно во тоа време беше несигурен и за развојот и квалитетот на хонда. на крајот се убеди дека она што зборувавме за јапонците е вистина.

секогаш мроаме да имаме и план б, штом разбравме дека е сериозен работевме на тоа и проади тоа донесовме многу лесна одлука да го промовираме пјер гасли – објасни хорнер.

Британскиот шеф на тимот уште еднаш повтори дека екипата не го фаворизирала Верстапен во однос на Рикардо сезонава.

број еден возач во нашата екипа е оној кој на патеката во моментот е пред другиот, тоа правило е едноставно. нема никакво фаворизирање во начинот на функционирање на екипата, а даниел тоа искрено ќе ви го каже.

мексико беше прв пат даниел да го победи макс на квалификациите од монако. квалификациските перформанси на макс се фантастични и веројатно тие се дел што ја предизвикаа одлуката на даниел.

Кристијан исто така прифати дека Рикардо имал фрустрирачки период со неиздржливоста и честите проблеми и 8 незавршени трки поради проблеми сезонава по што “падна“ на 6то место во возачкиот поредок.

мислам дека сезоанва за даниел беше доста тешка, мораше да се соочи со константната еволуција на макс во екот на сите тие проблеми кои му се случуваа, а беа на страната на даниел многу повеќе одошто на страната на макс

проблемот со спојката кој даниел го имаше на трката во мексико и поради што се откажа, макс го имаше истиот викенд, но во петок. на тренингот во бразил макс имаше проблем со садот за масло кој протече, а беше присутен од мексико, но таму не направи проблем. да не заборавиме, дека лани макс беше тој со лошата среќа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.