Новиот возач на Вилијамс, Џорџ Расел, вели дека не е загрижен за лошите перформанси на неговаа нова екипа оваа сезона затоа што е убеден дека догодина ќе бидат значително пдообри. 20-годишникот штитеник на Мерцедес е на прагот на освојување на Формула 2 титулата сезонава, а од Март следната година почнува неговото Формула 1 патешествие.

Перформансите на екиапта од Гроув се очајни сезонава, но Џорџ смета декеа дуваат ветришта на промени во тимот во месеците кои следат.

Јас не сум загрижен, Формула 1 се менува многу брзо, лани Вилијамс беа 5ти во поредокот, а преклани беа дури 3ти. Следната година е огромна можност за сите затоа што ќе бидеме мотивирани и гладни за успех – најави Расел.

Тимот сеуште го нема откриено колега на Расел за следната година, иако има листа на кандидати кои круат низ медиумите. Сироткин, Кубица, Окон и во последно време Естебан Гутиерез се поврзуваат со место во екипата.

Би бил задоволен со било кој колега, но би сакал силен возач крај себе за да можам да се споредам. Важно е да се има добар однос со колегата за да продолжиме да го притискаме тимор кон напред.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.