Расел: Сакам да го притиснам Тото Волф

197

Моменталниот лидер во Формула 2 првенството и јуниорски возач на Мерцедес, Џорџ Расел, се надева дека со добри резултати ќе ги присили одговорните да сметаат сериозно на Формула 1 место за него догодина. На минатонеделниот тест на Хунгароринг, британецот имаше најбрзо време.

Џорџ важи за еден од најголемите млади таленти на тркањето, лани освои ГП3 титука, а во моментов е на челов во повисоката јуниорска серија по 14 извозени трки.

Мислам дека во моментов ми оди одлично во Формула 2 серијата. Знам дека може и подобро, но мислам дека со Арт ГП правиме одлична работа до сега. Во можност сум да им покажам на сите што можам да направам – изјави Расел.

Вообичаено е Формула 2 шампионите да наоѓаат пат до Формула 1, а исклучок беше Стофел Вандорн кој паузираше сезона, но се мачи да се адаптира на Формула 1.

Мислам дека ги присилувам Тото Волф и останатите да гледаат сериозно на мене. Се надевам дека им е јасно што можам да направам и колку добро работам со екипата. Давам се од себе да ги притиснам Формула 1 екипите.

Мерцедес веќе ги потврди своите двајца возачи за следната година, а муштериите на “сребрените“, Вилијамс и Форс Индија секако дека може да имаат отворено место за него во 2019 година.


Расел: Сакам да го притиснам Тото Волф

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>