Џорџ призна дека фактот што неговиот ривал за Формула 2 титулата сезонава, Ландо Норис, добил договор со Мекларен, многу му помогнало самиот тој да добие место во за оваа година.

Јуниорот на Мерцедес дојде до 7 победи сезонава и го победи Норис во трката за титула во јуниорската серија која е последен чекор пред Формула 1. Ландо уште во Септември беше потврден од Мекларен како замена за Вандорн, додека Расел својата официјална промоција ја доби еден месец подоцна.

Запрашан дали бил фрустриран што Норис добил Формула 1 тркачко место пред него, Расел одговори:

Не, воопшто. Објавата за неговото Формула 1 место најави одлични работи и за мене и веројатно стави поголем притисок врз вилијамс да се одлучат за ме ангажираат како формула 2 првак – откри расел.

Џорџ следната сезона ќе ја мине во тандем со Роберт Кубица во сезона во која британците сакаат да се вратат во игра по очајно лошата сезона во 2018 година која ја завршија на последно место во конструкторскито поредок. 20-годишникот е возбуден од можноста да се трка против искусниот полјак, но во исто време е свесен дека приоритет за 2019 година е напредок на екипата.

мислам дека нашата цел за годинава е јасна, а тоа е да го однесеме вилијамс повторно во борба за поени на врвот од средината од поредокот. сакаме да не препознаваат по добрите резултати.

ако го победам тимскиот колега во трка за претпоследно место, која е радоста во тоа. јас и роберт ќе дадеме се од себе во заедничката работа, најпрво да го однесеме тимот каде што заслужува, а потоа ќе видиме – заклучи расел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.