Џорџ Расел откри дека постоеле неколку проблеми кои го ограничиле неговото возење во тестот за Мерцедес во Унгарија, но е задоволен со своите перформанси.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Јуниорскиот возач на Мерцедес и моментален лидер во Формула 2 првенството заврши на дното на времињата и беше единствен кој измина помалку од 50 кругови, 49 вкупно, во Хунгароринг. Но иако имаше мали проблеми во првиот ден од тестот, Расел е воодушевен од брзината на болидот.

Беше фантастично да се вози болидот на Мерцедес. Неверојатно е колку е брз и колку грип има во болидот. Неверојатно искуство.

Имавме неколку проблеми кои не лимитираа, но сепак ова беше добар ден за мене. Бев задоволен со моите перформанси и мислам дека тимот добри вредни информации – изјави Расел.

Џорџ е поврзан со трансфер во Вилијамс во 2019 година и одвај чека да ја искористи секоја шанса максимално.

Мислам дека Ф1 е многу ограничена за млади возачи, така што секогаш е важно да ги искористите шансите максимално. Очигледно колку повеќе шанси, толку подобро, но мислам дека на крајот на денот, иако имавме проблеми, повеќе шанси ќе има и во иднината.

Ова е дел од играта, не може да го предвидите времето, неможе секогаш да бидете совршени од гледна точка на тмот, а Ф1 е толку комплексна и неверојатно е што нема повеќе проблеми во првенството. Тоа го покажува нивото на сите  – додаде Расел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.