Џорџ Расел се обидел да добие место во Вилијамс во 2018 година, а за да си помогне себе си, возачот подготвил Power Point презентација, открива техничкиот шеф, Пади Лоув.

Расел е потврден за Вилијамс од 2019 година откако импресионираше со неговото возење во Формула 2, тестови со Мерцедес, како и неговата работа во симулаторот.

Неговото однесување надвор од патеката исто така импресионираше личности како Лоув, како и заменикот тимски шеф, Клер Вилијамс.

Лоув изјави за Motorsport.com дека Расел првично сакал да биде земен во предвид за местото на Сергеј Сироткин.

Џорџ е млад дечко, кој има многу самодоверба. Тој има иницијатива за да си ја оформи својата иднина и мислам дека тоа е причината за неговите постигнувања.

На пример, минатата година тој сакаше да биде возач во тимот за 2018 година. Мислам дека беше рано. Добро е тоа што го постигна во Ф2, мислам дека пред една година се ќе беше прерано за него.

Тој ќе биде многу посилен по успехот во Формула 2, но пред една година тој ми пријде со Power Point презентација во која опиша зошто ќе биде наш најдобар возач.

Никогаш не сум видел таков нешто – изјави Лоув.

Расел го отпочна својот договор за 2019 година со состанок со Лоув летоска и Клер Вилијамс, што тој сметал дека е важен за да прикаже колку е сериозен за Вилијамс.

Си помислив, наместо да седам и да кажам колку сум добар, подобро е да го ставам тоа на хартија и да ја прикажам статистиката која го докажува тоа. Не се работеше само за моето CV, се обидов да го опишам мојот карактер и што би можел да придонесам кон тимот, само неколку детали околу мене, статистика околу првите кругови, победите и поразите.

Само неколку работи од поинакви агли, прикажани на хартија, за тие да ги погледнат кога ќе заминат од состанокот – вели Расел.

Вилијамс беа желни да го потврдат младиот возач на Мерцедес пред крајот на 2018 година. Тие потпишаа со Расел без тој да го тестира болидот, иако добија податоци од Мерцеде и беа импресионирани од кршењето на рекордот во Унгарија за време на тестовите.

Тој возеше за Мерцедес во тест сесии и од тие добивме споредливи информации околу тоа колку е добар. Имавме доволно податоци да донесеме одлука за каков возач станува збор и што може да очекуваме.

На пример, тој го има најбрзото време околу Хунгароринг.

Не е официјално и беше постигнато на хиперсофт, но сепак не е лоша статистика и мора да бидете прилично добри за да ја постигнете таа цел – вели Лоув.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.