Возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, вели дека се чувствувал како да стои во место додека се борел против други болиди на Кинеското Гранд При.

Стратегијата на Расел да вози на медиум пневматици му овозможи да стигне до 12то место откако повеќе болиди во средината влегоа во бокс, а Даниил Квјат имаше казна со поминување низ бокс. Но, возачот на Вилијамс подоцна повторно падна во поредокот.

Не ни гледав. Разликата во формата е толку голема што тие ме поминуваат како да стојам во место. Не е изненадување, знаеме која е нашата форма, а моја работа е да го извлечам максимумот.

Навистина бев задоволен по првиот стинт, имав добра предност пред Роберт и во тој момент тој беше единствениот со кој можев да се споредам.

Во средниот стинт, беше тешко бидејќи бев на потврди пневматици, имав два добри круга, а потоа почнав да гледам сини знамиња. Откако почнав да ги гледам сините знамиња, возев максимално агресивно, не можев да ги стигнам.

Бидејќи имав проблеми со пневматиците, едноставно бев побавен и побавен, а пневматиците поладни и поладни. Поради тоа морав да влезам повторно во бокс.