По, за него последна квалификациска сесија за Скудерија Ферари, Кими Раиконен појасни дека тимот изгубил најмногу во третиот сектор на патеката Јас Марина во Абу Даби.

Раиконен се квалификуваше на 4то место, позади својот тимски колега, Себастијан Фетел, додека Мерцедес стигнаа до петти последователен 1-2 пласман на квалификациите на патеката во Абу Даби. Финецот заврши шест десетинки позади Луис Хамилтон и 2 десетинки позади Фетел.

И покрај недостатокот во перформанси, Раиконен вели дека нема за што да се пожали, во однос на болидот, истакнувајќи дека Ферари не биле во можност да прикажат перформанси како Мерцедес и Ред Бул во последниот сектор, составен од 11 свиоци.

Тоа беа солидни квалификации и мислам дека не згрешивме ништо денес, нема за што да се жалиме.

Всушност, се функционираше добро, само ни недостасуваше брзина во третиот сектор. Таму изгубивме најмногу, така беше цел викенд. Нашите конкуренти најверојатно си играа по малку на почетокот на сесијата, а на крајот разликата беше поголема – вели Кими.

39-годишникот, како и останатите во топ 6 освен Верстапен, ќе стартува со ултрасофт пневматиците. Раиконен вели дека иако Ферари симулирале трки со избраната компонента, условите во трката ќе бидат многу поразлични.

За трката, само ќе кажам дека ќе го прикажеме најдоброто од нас. Ќе стартуваме со ултрасофт, кој е изборот кај сите први три екипи.

Таа компонента не ја тестиравме пред денешните сесии, а во однос на форма во трка имаме неколку податоци од петочните сесии, но тренинг е една работа, додека трката прикажува нешто поинаку – додаде Раиконен.

Во генералниот пласман, во битката за трето место кај возачите, Валтери Ботас кој стартува од втората позиција на гридот, заостанува 15 поени позади Раиконен, додека Макс Верстапен уште дополнителни 3 поени позади Ботас, а холанѓанецот ќе стартува од шесто место.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.