Кими Раиконен заклучи дека 3та позиција е најдобртото на што се надевал на Унгарското Гранд При откако стартуваше од истата позиција, но уште по првите кривини беше минат од својот тимски колега. Финецот влезе прв во бокс заменувајќи ги своите софт со ултрасофт, со себе повлекувајќи го Ботас, оставајќи простор на Ветел да се обиде да го стигне Хамилтон.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

При првото менување кај Кими, мало парче гума било заглавено во сопирачката и поради менувањето беше пар секунди побавно од предвиденото, со цел да се исчисти проблематичното парче гума. Раиконен влезе по втор пат како единствен од топ 3 возачите со два бокса и го почна својот поход кон Ветел и Ботас. Сударот помеѓу Ветел и Ботас му помогна на Раиконен да заврши на третата позиција.

Мислам дека ова е најдобро нешто на што можевме да се надеваме. Очигледно немав добар старт и треба да се подобрам бидејќи натака е полесно за остатокто на трката.

Дојдовме до Ботас по првиот бокс, но немаше шанса да го престасаме и мораше да влезам по втор пат и повторно да се обидам. Добро е што го добивме тоа место назад.

Секако дека е далеку од идеално бидејќи имавме брзина но тоа е. Некогаш треба да ги земеш поените и да одиш натака – смета финецот од Ферари.


3 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.