Кими Раиконен смета дека строгите казни на стјуардите при големите инциденти ќе ја отстранат “глупавоста“ од Формула 1.

Формула 1 многу работи на процесите за стјуардите за да се подобри лошото возење и често како стјуарди работат поранешни возачи и официјални лица со цел да се дојде до најдобро можно судење. Системот на казнени поени кој го воведе ФИА е последен обид да се казнат возачите кои често ги пркршуваа правилата.

Стјуардите се често и мета на критики од некои возачи кои сметаат дека премногу сурово се казнети, но Раиконен смета дека таа перцепција е неточна.

не може да се каже дека казните се строги. ако се строги за вистинските работи тогаш нема да има потреба да се казнуваат за помалите пркршоци. ако сте доволно сурови за одредени “глупоштии“ на патеките тогаш нема да има ситни казни насекаде за мали прекршоци. понекогаш се има добра причина за казна, понекогаш не, различно е.

ако се бие многу строг за главните поенти, целата работа ќе се промени и никој нема да прави глупости на патеката – смета кими.

Макс Верстапен е жесток противник на казните со поени на суперлиценцата поради ситните казни кои често ги добива.

ако се направи преседан со големите инциденти, тогаш нема да мора да се даваат 5 или 10 секунди толку често. тоа е проблем, можеби изгледа строго и сурово, но всушност не е така на вистинското место. ако се казните правилни, се ќе се реши.

во моментов изгледа по малку глупаво затоа што се добиваат казни за се, а на следната трка некој прави иста работа и не добива ништо. казните не се соодветно обмислени и не се во вистинска насока. ако се се почне од почеток тогаш ќе изгледа и работи многу подобро – заврши тивкиот финец.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.