Кими застана на страната на Маурицио сметајќи дека италијанецот може да ја врати екипата на славните денови и во борбата за титула откако две години по ред Скудерија не стигнува до целта.

Кими беше донесен во Маранело од страна на Жан , сегашниот прв човек на ФИА, како замена за легендарниот Михаел Шумахер со кој италијанците го имаа најдобриот период во својата историја. По на чело на тимот застана Стефано Доменикали, по кој следуваше Маурицио Аривабене кој веќе втора година по ред не успева да стигне до насловот.

Раиконен смета дека Маурицио е способен да инспирира голем успех, особено со доаѓањето на Шарл Леклер крај Себастијан Фетел за 2019 година.

кога пристигнав во маранело, жан тод беше главен на екипата, тој е одличен карактери и пријател дури и сега кога има поинаква улога. за среќа продолживме да се гледаме на трките, тој е фантастичен човек.

потоа следуваа неколку шефови, не се ни сеќавам колку на број. сега на чело е маурицио аривабене, вистински човк за да го врати тимот онаму каде што заслужува, а моето враќање му го должам на него – објасни кими во својата изјава за Sky Sport Italia.

Кими останува последниот возач кој освоил титула за Ферари, но е убеден дека тоа нема да остане уште долго така, откако Фетел силно го притиска Хамилтон последните две години.

му посакувам се најдобро на тимот и сигурен сум дека наскоро ќе се појави нов шампион таму. можеби во блиска иднина затоа што никој резултат или рекорд не трае вечно, секогаш има некој кој ќе го подобри, таков е животот – заврши раиконен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.