Раиконен: Се исплашив на стартот

785
   

Кими Раиконен имаше одличен старт на Австриското Гранд При, пробивајќи го своето Ферари помеѓу двата болида на Мерцедес, по што ја превзеде втората позиција од Валтери Ботас.

Возачот на Ферари стартуваше од трето место на гридот, но веќе беше втор по првиот свиок, по одличен, летечки и храбар старт. Сепак, поради мала грешка, тој отиде прешироко и изгуби позиции позади двата болида на Мерцедес, а по неколку свиоци и од тој на Макс Верстапен.

Морав да отпуштам гас малку бидејќи ќе ме притиснеа од двете страни, мојата одлука веќе беше донесена. Бев уплашен да не ме удрат и да останам со празни раце. Потоа отидов прешироко и изгубив неколку позиции – вели Кими.

Иако разликата со Верстапен беше 6,5 секунди во еден момент, Раиконен успеа да ја намали значително во последните кругови. На крајот заврши само 1,5 секунди позади Макс.

Болидот беше многу добар, но немавме повеќе кругови. Штета е, но имавме одличен болид во трката. Одличен резултат за екипата – додаде Раиконен.


Раиконен: Се исплашив на стартот

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>