Раиконен сака да го искористи топлото време

07 Јул
Раиконен сака да го искористи топлото време

211
   

Кими Раиконен е убеден дека Ферари може да дојде до предност во однос на ривалите со топлото време кое метеоролозите го предвидуваат и за остатокот од тркачкиот викенд.

По силните перформанси на СХ71Х на минатиот топол викенд по Ред Бул Ринг во Австрија, каде финецот заврши на 2ро место пред колегата Себастијан Ветел, италијанците веќе на петочните сесии покажаа одличен ритам на патека која вообичаено “им лежи“ на Мерцедес.

Себастијан Ветел беше најбрз на втората петочна сесија, прв пат оваа година, пред возачите на Мерцедес и Раиконен. Топлото време се очекува да продолжи, а Кими се надева дека тоа ќе им помогне во борбата со Мерцедес.

Ако ја погледнете последната трка каде завршивме на 2ро и 3то место, беше многу топло. Овде е поразлично и гумите се поразлични со помал гумен слој, така што ќе видиме што ќе се случи во Недела. Но, засега се е добро и преферирам потопло време отколку дожд.

Сметам дека Петок беше доста нормален за нас и секако дека имаме работи кои треба да ги подобриме, но нема причина да ни бидеме одлични и утре – смета Кими.


Раиконен сака да го искористи топлото време

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

/*essential grid*/ add_filter('essgrid_query_caching', 'eg_disable_chache', 10, 2); function eg_disable_chache($do_cache, $grid_id){ return false; }