Раиконен: Предолго бевме “лабави“

615
   

Кими Раиконен откри дека предолго возел лабаво по Ред Бул Ринг што на крајот го чинело губење на победата. Финецот заврши на 2ро место, а доцнеше само 1,5 секунди зад Макс Верстапен по 71 круг на трка.

Во последните кругови тој забрза и почна брзо да “ја топи“ предноста на Раиконен иако призна дека кругови имало премалку, а исто така и време.

Болидот беше одличен, но немав доволно кругови и сметам дека предолго време бевме мирни и не притискавме. Штета затоа што со ваков болид можевме до победа, ќе беше тешко, но и покрај се мислам дека тимот имаше одлична трка – смета Кими.

Тој имаше фантастичен старт и стигна до второ место на првиот свиок, но до крајот на првиот круг беше минат од Ботас и Верстапен и падна на 4то место.

Многу работи се случија во првиот круг. По малку странично влегов во првата кривина и отидов настрана од тракчката линија, во шестиот свиок бев блиску со Макс по што тој ме допре и ме мина.

Болидот пред мене, мислам дека беше Мерцедес го поремети воздухот и потисната сила, а потоа се обидов од надворешна страна да ја задржам брзината, но се допревме со Макс и загубив моментум – објасни Раиконен.

И покрај контактот финецот смета дека е позитивно што двајцата останле во трка и покрај тоа што се допреле на еден од најбрзите свиоци на патеката.

Загубив место, но мислам дека извлековме максимум од инцидентот и одлично е тоа што не се елиминиравме на толку брза кривина под полна гас, успевајќи да останеме паралелно. Не беше идеално поради тоа што загубив позиција, но беше фер.


Раиконен: Предолго бевме “лабави“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>