Победникот на Големата награда на Америка, Кими Раиконен, смета дека докажал оти некои луѓе не се во право со победата по повеќе од пет години пост. Последната победа на финецот беше на почетокот на 2013 година на првата трка во Австралија за Лотус.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

На почетокот на КОТА го мина освојувачот на пол позицијата, Луис Хамилтон, имаше фантастичен ритам по излегувањето од боксот, а го издржа и притисокот од Макс Верстапен кон крајот на трката.

Ова не е голема работа за мене, но за некои други луѓе е многу поголема. Ако дојде ќе се радувам, ако не, тоа нема да ми промени ништо во животот. Сепак, среќен сум затоа што секогаш се обидуваме да победиме, а најголема разлика е како луѓето ќе гледаат на мене. Среќен сум најмногу поради тоа што им докажав на некои луѓе дека погрешно гледаат на мене – појасни финецот.

Раиконен е позадоволн поради тоа што ја прекинал серијата од лоши и неубедливи трки за својата екипа. Хамилтон и Мерцедес победија на претходните четири трки, но и на 6 од последните седум извозени, последната победа за екипата од Маранело беше во Белгиај од Себасртијан Фетел.

Ферари му кажале на Кими дека нема да биде дел од екипата уште во Италија, трка на која тој освои пол позиција, прва годинава. Следната сезона ќе го гоедаме во болидот на Заубер кои имаат огромна соработка со Скудерија.

Јасно е дека не мислев дека Ферари направија грешка што не ми го продолија договорот, всушност јас сум многу среќен со местото на кое одам. Го имав своето време во Ферари, освоив титула со нив и победив на доста трки за нив. За мене како возач постојано мора да има нови предизвици.

Навистиан не бев разочаран од нивната одлука, единствено ме интересираше кога ќе се случи истата. Во Формула 1 сум доволно долго да знам дека не е битно кој има договор, а кој не, работите се случуваат на друг начин – појасни финецот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.