Раиконен: Односот со Ветел ни е пријателски, не политички

485

Кими Раиконен смета дека во текот на заедничктие години во Ферари развиле многу пријателски однос со својот колега Себастиајн Ветел, така што нивната здрава соработка воопшто не е базирана на политика. Кими и Себ се веќе 4та година заедно во Маранело, период во кој финецот сеуште нема победа за тимот, но годинава веќе има 8 подиуми.

Поради одличната сезона, Кими се надева и следната година да остане крај возачот кој многу често го фали.

Подобро да ме фали одошто да вели дека сум идијот. Го кажува и тоа, ама поретко – се нашали Раиконен во своето интервју за Sport Bild.

Сериозно, одлично се сложуваме, со него нема политика и други глупости, туку целосно нормално пријателство. Тој е многу искрен и отворен и успехот никогаш го нема променето дури и кога ќе направи глупост.

По сударот на стартот во Сингапур лани, немаше тишина и припукување. Тој е човек кој признава дека погрешил, а ист таков сум и јас. Многу е подобро да се работи во добра и здрава атмосфера, тоа го прави болидот побрз одошто ако сме во постаја војна еден со друг.

Двајцата имаме идентична цел, а тоа е Ферари повторно да стане првак, се тркаме на начин на кој го правиме тимот многу подобар – смета Кими.

Иднината на финецот е во негови раце, а во последно време се вели дека со промената на чело во Ферари предизвикана од смрттта на Серџо Маркионе, 38-годишникот може да остане прекуброен, а неговото место да го превземе младиот Шарл Лклер.

Секако дека јас сакам да останам, но одлуката е на Ферари. Чекам и ќе видиме што ќе се случи.


Раиконен: Односот со Ветел ни е пријателски, не политички

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>