Облечен во целосно бел тркачки костим, Кими Раиконен влезе во болидот на Заубер за прв пат по скоро 2 декади, тестирајќи за новиот тим на првиот ден од тестот на Пирели во Абу Даби.

Во неделната трка, Кими се збогува со Ферари, завршувајќи го вториот дел од својата кариера со Скудерија и заминува во Заубер. Колега на финецот следната сезона ќе биде Антонио Џиовинаци.

Тој извозе 102 кругови во текот на денот, запознавајќи се со болидот и со оперативните системи во тимот.

Програмата беше фокусирана на тестирање на пневматиците, тие планирани за 2019 година, како и различни компоненти од сегашниот избор. Со неговите податоци и телеметријата, тимот има добра референтна точка за подготовките пред новата сезона – изјавија од Заубер.

Раиконен комплетираше 566,5 километри и ја заврши сесијата со време од 1:39.878. Тој заостануваше 3 секунди позади најбрзото време во денот, поставено од Себастијан Фетел.

Сакав да тестирам за нив, да се запознаам со болидот, да видиме дали има големи работи на кои треба да внимаваме, а очигледно и тестот на пневматиците за наредната сезона.

Возбуден сум. Никогаш немаше да го потпишам договорот доколку не мислев дека тоа е нешто што го сакам.

Ќе биде интересно да се започне со работа со нив. Ова е нов предизвик и тоа го сакав – изјави шампионот од 2007 година.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.