Раиконен обвинет за сексуално малтретирање

946

Возачот на Ферари, финецот Кими Раиконен, деновиве пред канадската полиција достави жалба каде тврди дека извесна девојка го уценувала обвинувајќи го за злоставување и малтретирање за време на трката за Големата награда на Канада во 2016 година.

Поранешниот шампион пред полицијата во Монтреал достави жалба за уцена и малтретирање кон девојка која го обвинува дека тој ја допрел за градите во текот на викендот пред трка во 2016 година, што Кими негира дека воопшто се случило. Тој додава дека довојката барала пари во замена за нејзино премолчување на настанот.

Девојката чиј идентитет не се открива, тврди дека Кими го направил делото додека таа работела во бар во Монтреал и бара седумцифрена сума за нејзин молк.

Јас не го кажав твоето име на блогот. Мислев дека со тоа ќе се зголемеше вниманието и не сакам да предизвикам проблеми – изјави девојката.

Раиконен смета дека ова е само случај за извлекување пари од него, така што тој најмил и приватен детектив кој му обезбедил корисни докази.

Овој случај не би требало да ги попречи добрите резултати на финецот во последните шест трки иако имаше две откажувања. Тој имаше тешка трка во Монако каде се мачеше со трошење на гумите и се надева на подобар резултат во Канада каде последен пат бил на подиумот во 2006.


Раиконен обвинет за сексуално малтретирање

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>