Раиконен: Не победува секогаш најсилниот

399

Кими Раиконен не сака да го смета својот Ферари за најбрз тим во Формула 1 и смета дека титула ќе освои тој што ќе направи најмалку грешки во текот на сезоната.

По неколкуте инциденти од почетокот на сезоната, финецот се наоѓа на 3то место во шампионскиот поредок со 22 поени заостаток зад Хамилтон. Во Бахреин тимот погреши со боксот и подиумот му избега, додека во Кина и азербејџан имаше контакти на патеката.

Ако прашате 10 луѓе за најбрзиот болид ќе добиете различни мислења, но ние грубо знаеме до каде сме, што правиме и зошто сеуште ги немаме планираните резултати. Ако сте најсилни, тоа не значи дека секогаш ќе победувате на трки.

Продолжуваме да работиме и да се подобруваме. Мислам дека е многу блиску помеѓу топ 3 екипите така што секојга грешка може многу скапо да чини. тој што најмалку ќе греши ќе биде најдобар на крајот – смета Кими.

Раиконен го има најдобриот старт на сезона од 2013 година кога возеше за Лотус, а во Барселона и официјално добива нов инженер откако наместо Дејв Гринвуд со него ќе работи Карло Санти.


Раиконен: Не победува секогаш најсилниот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>