Раиконен: Моја грешка, но тоа е

1229
   

Кими Раиконен призна дека тој е крив за инцидентот на стартот со Луис Хамилтон, ја отслужи доделената казна и успеа да се врати на челните позиции.

Возачот на Ферари доби казна од 10 секунди поради контактот со Хамилтон на стартот на трката во Британија. Тој продолжи да вози борејќи се со Ред Бул-ите за да ја отслужи казната при неговото менување гуми по што излезе на 11та позиција. Финецот ја заврши трката на трета позиција.

На вториот или третиот свиок ми се блокираше тркалото, а бев зад него и го удрив. Очигледно се изврте. Моја грешка, но тоа се случува понекогаш. Не беше трка каква што посакував. Ја заслужив казната. Ги отслужив 10те секунди и продолжив да се борам. Секако без грешките и казната ќе беше подобро – смета финецот.


Раиконен: Моја грешка, но тоа е

34 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>