Кими Раиконен смета дека премногу болиди на патеката го чинеле удобна пол позиција во Унгарија, откако неговото Ферари се покажало одлично по влажните услови.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Раиконен беше на прво место до последните кругови, кога дуото на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас, успеаја да го симнат на трето место. Кими тврди дека се доближил до болид на Хаас и тоа ги уништило неговите шанси за подобрување со нови пневматици.

Немав среќа. Променив на нови пневматици, немаше многу грип, но се доближив до Хаас и со сета вода наоколу, беше многу тешко да се гледа и да се подобри кругот.

Дефинитивно постоеше шанса во вакви услови да стигнам до пол позиција, но тоа не се случи.

Со користени пневматици, кругот беше добар. Имаше неколку места каде што можев да се подобрам, променивме на нови пневматици, малку се исуши патеката и грипот веднаш се врати значително.Но, немав вистинска шанса за нов брз круг поради позицијата во која бев.

Имавме брзина денес да бидеме на пол позиција и бев пријатно изненаден колку добро се однесуваше болидот на влажна патека. Тоа дефинитивно не ни беше силна страна, така што ова е одлично. Одлично е што имаме болид кој може да се вози во услови на дожд – изјави Раиконен.


1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.