Себастијан Ветел откри дека ќе се трка со својот колега за победа на Големата награда на Италија, откако Раиконен дојде до пол позиција, а тој финишираше на 2ро место. Во моментов финецот е на 3то место во шампионатот со 68 поени зад Себ, а 85 зад Хамилтон.

Ако почнува од пол позиција, логично е дека смее да победи. Трката е долга, тој сака да победи, јас сакам да победам и се надевам дека победник ќе биде некој од нас двајцата.

Знаеме дека како членови на иста екипа можеме да се тркаме, но ќе бидеме внимателни на првата шикана да не направиме “беља“. Но, тоа не менува ништо, не гледам зошто некој би превземал огромен ризик да оштети намерно болид на друг – објасни Себ.

Раиконен прекина долга низа квалификации на кои “за влакно“ не победуваше и за малку пропушташе пол позиција, но се врати со саботен триумф во вистински момент пред домашните тифози.

Ако ова беше прва пол позиција за мене, секако дека чувството ќе беше поинакво. Се трудиме и подобруваме, понекогаш успеавме, понекогаш не, но не е така лесно како што изгледа на телевизија. Целиот викенд досега се одвива добро за нас, иако условите се предизвикувачки.

По тренингот стана јасно дека еден од трите болиди ќе стигне до пол позиција. Денеска бев јас, но тоа не менува ништо затоа што главната работа треба да се завшри утре на трка – најави Кими.

38-годишникот смета дека Монца е најдобро место да дојде до пол позиција по толку долг пост за таков резултат.

Втората шикана во последниот круг беше одлична и тоа минување ми даде пол позиција. Се правеа многу комбинации да се мине прв, но на крајот имаше воз од болиди и секој секого влечеше денеска.

Болидот работи одлично, не променивме ништо од првата серија кругови затоа што немавме причина за тоа. Се надевам дека утре ќе биде исто – заврши Раиконен.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.