Раиконен има опции за 2019

1029

Кими Раиконен мистериозно изјави дека има опции за наредната година и не отфрли било какви гласини дека може да го изгуби местото во Ферари од Шарл Леклер.

Раиконен не успеа да победи на трката во Италија иако ја имаше пол позицијата што ќе беше прва победа за Ферари од 2010 година на домашен терен откако во последните 8 кругови беше престасан од Хамилтон.

Иако Раиконен изјави дека ја има подршката на новиот претседател на Ферари, се појави гласина дека Леклер веќе имал договор за наредната година потпишан со Серџо Маркионе пред неговата смрт.

Одличните резултати на Леклер му помогнаа да се појават гласини за место во Ферари а Раиконен да замине во Заубер или Мекларен.

Секогаш има опции. Тоа е животот. Зависи од многу работи. Ќе видиме што ќе се случи во иднина и тоа е.

Тој има извозено 109 трки од својата последна победа и овој викенд се надеваше дека ќе ја заврши таа неуспешна серија.


Раиконен има опции за 2019

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>