Раиконен: Имаме правила, но не беше јасно

687

Кими Раиконен се обиде да не го послуша тимот и бараше појаснување на барањето кое дојде од боксот дали да го пушти Себастијан Ветел.

Возејќи еден зад друг на Хокенхајм, Раиконен беше пред Ветел поради раниот влез во бокс кога германецот се пожали дека бил заглавен зад Раиконен и му се уништува трката.

Ова е глупо, губам време и ги уништувам гумите.

Подоцна Кими му одговори на Џок Клиар

Ако треба да го пуштам само кажете ми.

Џок Клиар одговори потврдно на тоа.

Раиконен го пропушти Ветел и тој беше водечки се до моментот кога излета од патеката кога заврна.

Финецот заврши на трета позиција зад возачите на Мерцедес. Запрашан за тоа дали користат тимски наредби и посебно зошто барал појаснување тој објасни

Имаме одредени правила но не е баш јасно. Имав брзина и во тој момент требаше да одам на две застанувања. Не знам што се смени на крајот со тоа што се случи. Беше тешка трка и доста лизгава на одредени места. Имав проблем со поминување на заостанатите кога Валтери ме престата. Среќен сум што завршив но малку разочаран. Но ќе останам вака денес и ќе се обидеме наредниот пат.


Раиконен: Имаме правила, но не беше јасно

10 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>