Ферари ја чекаше победата на Монца но сепак поради потрошените гуми тие ја изгубија на 9 кругови пред крајот.

Тифозите на Ферари се надеваа на победа на Монца за прв пат после 8 години.

Раиконен имаше пол позиција и предниот ред беше обоен во црвено на квалификациите.

Но надежта ја разнесе Хамилтон.

ВОзачот на Мерцедес остана во ДРС на Раиконен во поголемиот дел од трката. Сепак Раиконен се трудеше да ја задржи разликата но тоа го чинеше гуми и дополнително беше успоруван од Валтери Ботас.

Мислам дека имавме се за победа но гумите се потрошија. Од тој момент започна борбата. Се обидов да ги донесам до крајот. Не е идеално но тоа е се. Дадов максимум. Сепак се изборев за второ место и ќе продолжам да се борам.

Финецот принзна дека поразот на трката бил најтежок бидејќи Ферари дојдоа како фаворити на патеката.

Мислам дека имавме брзина но гумите се потрошија. Немаше ништо на левата гума. Тешко е но дадов се од себе и имав голема подршка. Благодарам и извинете што не победив. Нареден пат.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.