Кими Раиконен вели дека е помалку чудно што Ферари не успеале да ги најдат оптималните перформанси на пневматиците за време на квалификациите за Сингапурското Гранд При, поради што тој имал потешкотии во својата форма.

Раиконен беше најбрз во петочната сесија, додека Себастијан Ветел беше за половина секунда побрз од Луис Хамилтон во последните саботен тренинг.

Сепак, Луис Хамилтон имаше изненадувачки круг и ја освои пол позицијата, додека Макс Вертапен беше подобар од Ветел и ќе стартува од првиот ред, а пак Раиконен мораше да се задоволи со петто место.

Раиконен, кој имаше заостанување од осум десетинки беше повеќе од десетинка побавен и од својот колега, го изјави следното:

Можебме да ги подобриме пневматиците, но не толку добро како што посакувавме и беше многу потешко, од колку во претходните сесии.

Тоа беше помалку чудно. Понекогаш се случува. На крајот, резултатот не е одличен за патека каде што мора да бидете совршени – вели Кими.

Раиконен исто така изјави дека викендот поминал според планот се до квалификациите, без промени по последниот тренинг и признава дека е изненаден од резултатот. Раиконен не е сигурен дека падот е поради подготовките на пневматиците или потреба за промена на сетапот на болидот.

Ако погледнете како беше цел викенд, беше прилично лесно. Се помина добро и поради тоа сум изненаден бидејќи искрено условите беа исти како во претходните сесии.

Не е прв пат да откриете во квалификациите дека работите не се според очекуваното, но во тој момент нема многу што може да сториме. На ваква патека многу е важно се да биде како што сакате поради многуте свиоци и должината на патеката.

Во едно место губите половина од десетинка и кога тоа ќе се случи во неколку свиоци, одеднаш имате разлика од три до четири десетинки. Поради тоа е тешко тука. Не беше лошо. Но дефинитивно не беше лесно како до оваа сесија – додаде Раиконен.

Гледајќи кон утрешната трка, Раиконен верува дека ќе биде многу блиску помеѓу првите шест возачи и дека истата ќе биде прилично хаотична.

Очигледно сите се прилично блиску еден до друг, така што ќе биде прилично хаотична трка. Очигледно многу работи се случуваат на оваа патека и ќе се обидеме да ги донесеме правилните одлуки – заклучи Кими.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.