Откако го имаше првиот тест со тимот, Кими Раиконен смета дека Заубер ги има сите потребни алатки за да изработи одличен болид во година.

По 5 години со Ферари, Раиконен се враќа во Заубер каде го имаше своето деби во Формула 1 во 2001 година, со повеќегодишен договор.

Тој го имаше своето прво искуство со Заубер на пост-сезонскиот тест во Абу Даби. Иако Заубер се во фаза на обнова, Раиконен смета дека промените кои ги направил Фред Васур, со објектот во Хинвил, ќе доведат до добра позиција за тимот.

Возбуден сум. Поинаку е очигледно, бидејќи бев во тимот претходно, но сега има многу нови луѓе.

Тие ги имаат сите алатки, имаат одличен воздушен тунел и имаат се што е потребно за да се произведе одличен болид. Имаме мотор на Ферари, така што знаеме што ќе имаме на располагање.

Не гледам никаква причина зошто не може да завршиме добра работа. Ќе видиме наредната година. За мене, важно беше да се вози болидот и да видиме дали може нешто да се подобри, но беше прилично јасно.

Ситуацијата во тимот е многу слично на тоа што сум навикнат. Болидот е поинаков, изгледа поинаку, но ако сум искрен, чувството не беше толку различно.

Само ги тестиравме пневматиците, не работевме на сетап, само поминавме неколку кругови. Како прво искуство, беше океј – изјави Кими.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.