Раиконен го брани возачкиот стил на Верстапен

496
   

Кими Раиконен вели дека Макс Верстапен не е тип на возач кој намерно би избуткал друг возач надвор од патеката, иако дојде до слична ситуација помеѓу двајцата на Јапонското Гранд При.

Верстапен доби казна од 5 секунди бидејќи се врати на патеката на незбезбеден начин откако ја промаши шиканата пред стартно целната рамнина. Откако се врати на патеката, тој отиде прешироко и го избутка Раиконен надвор од патеката, притоа оштетувајќи го болидот на финецот.

Иако Себастијан Фетел ја осуди агресијата на Верстапен при бранење на неговата позциија, Раиконен има поотворено гледиште на возењето на Верстапен.

Во ситуацијата која ја имавме јас и тој, по малку е тешко да се каже бидејќи знам дека кога се враќате преку ивиците не е возможно да го свртите болидот кој одскокнува над нив.

Не знам дали тоа беше случајот. Мислам дека ако двајцата бевме на патеката еден до друг, не верувам дека ќе ме избуткаше бидејќи знаеме што ќе се случи поради тоа. Очигледно беше малку чудна ситуација во која завршивме. Не верувам дека тој намерно се обидува да удри некого, но тоа се случи.

Се обидов да поминам од надворешната страна. Но тој очигледно помина преку тревата. Можеби не беше во можност да сврти и можеби едноставно така заврши. Во идеална ситуација, требаше да ми остави повеќе простор. Но не знам … – изјави Раиконен.


Раиконен го брани возачкиот стил на Верстапен

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>