Кими Раиконен верува дека има премногу глупости во медиумите кои почнуваат да и штетат на Формула 1. Шампионот од 2007 година беше предмет на многу шпекулации оваа сезона за негово заминување во Мекларен и губење на местото во Ферари. Тoј на крајот потпиша двегодишен договор со Заубер, тимот во кој ја почна својата Формула 1 кариера.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Раиконен изрази загриженост поради негативноста што ја причинуваат коментарите во медиумите за врвот на моторспортот.

Не, не сакам да е вака. Никој не сака, но мислам дека тие не си ја заработуваат платата. Сите се жалат дека Формула 1 не е возбудлива. Зошто луѓето не се заинтересирани за тоа.

Да бидам искрен има премногу глупости по медиумите, озборувања, приказни и работи на кои не им е местото. Луѓето се обидуваат да креираат приказни кои и штетат на Формула 1. Доколку има помалку глупости, а повеќе вистина тоа ќе биде подобро за тркачката серија – смета поплуарниот финец.

Пристапот на Раиконен помогна тој и Фетел да имаат добра соработка која трае од 2014 година. Неговиот однос во однос на политичката природа на Формула 1 е според него проблемот кај медиумите.

Претпоставувам дека тоа игра голема улога. Без тоа ќе ни биде подобро, но ако тоа го одземете од спортот ќе ги снема парите од спортот. Тоа не е добро за спортот, но луѓето си играат игри.

Раиконен почнал да размислува за крајот на кариерата и почна да го користи Инстаграм и објави негова биографија. Сега тој ќе биде дел од тимот Заубер каде и ја започна својата кариера бидејќи тимот е блиску до неговиот дом во Швајцарија. Тој додаде и дека патувањето е една од работите кои ги мрази од модерната Формула 1.

Со децата поминува времето кога синот ви виси на ногата. Тоа е лошо кога ќе му кажете на детето дека тато се враќа за две недели, а ќерката сеуште не е до таму. Понекогаш кога сте уморен си мислите зошто сум тука кога би сакал да сум дома. Но тоа е нормално.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.